Земјите од Заливот потпишаа декларација со Катар
Саудиска Арабија ја предводеше коалиција на земји во Заливот кои ги прекинаа дипломатските и транспортните врски со Катар во јуни 2017 година, обвинувајќи го дека е премногу близу до Иран и ги поддржува радикалните исламистички групи. Овие обвинувања ,пак, Доха секогаш ги негираше.
„Она што се случи денес е вртење на нова страница и целосно враќање на дипломатските односи“, рече принцот Фаисал бин Фархан на прес-конференција на крајот на регионалниот самит во Саудиска Арабија.
Саудиските државни медиуми соопштија дека престолонаследникот принцот Мухамед бин Салман се состанал одделно со владетелот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, откако двајцата јавно се прегрнаа на аеродромот.
„За време на состанокот, тие ги разгледаа билатералните односи меѓу двете братски земји и начините на консолидирање на заедничката акција во Советот за соработка во Заливот“, соопшти официјалната саудиска прес-агенција.
Водачите на шестчлениот Советот за соработка во Заливот(ГЦЦ )денеска потпишаа два документи, Декларацијата Ал-Ула, именувана по саудискиот град каде што се одржа овогодинешниот регионален самит, и последното соопштение.
Три члена на ГЦЦ - Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин - учествуваа во три и полгодишната блокада, заедно со Египет.
Катар е исто така земја-членка на ГЦЦ, заедно со Кувајт и Оман, кои останаа неутрални.
Принцот Мохамед претходно изјави дека земјите од Заливот склучиле договор што ја потврдува „ солидарноста и стабилност во регионот“.
Тој повика на единство за да се спротивстават на предизвиците со кои се соочува регионот, издвојувајќи ги „заканите што ги носи програмата за нуклеарни и балистички ракети на иранскиот режим и неговите планови за саботажа и уништување“.