ЕК сака Западен Балкан да учествува на Конференцијата за иднината на Европа
„Комисијата е отворена за инволвирање на граѓаните и организациите од земјите на Западен Балкан – нашите блиски соседи – во Конференцијата за иднината на Европа. Пандемијата покажа до која мера земјите членки на ЕУ и другите земји во Европа, вклучително и Западниот Балкан, зависат едни од други“, одговорила од кабинетот на Шуица за МИА.
Конференцијата за иднината на Европа требаше да започне минатата година, но се одложи за оваа, на 9 мај, денот на Европа. Официјално поради пандемијата, неофицијално затоа што земјите членки и натаму не можат целосно да се усогласат за модалитетите на оваа Конференција, која треба да ги постави темелите на иднината на Европската Унија и на континентот врз основа на директна консултација со граѓаните.