Собраниската седница почна со пратеници во скафандери
Обезбеден е кворум за усвојување на законите со кои е предвидена помош за илјадници граѓани кои настрадаа од кризата предизвикана од пандемијата изјави денеска координаторот на пратеничката група на сдсм Јован Митревски на прес конференција пред почетокот на пленарната седница. Тој изјави дека сите пратеници од парламентарното мнозинство, вклучувајќи ги и тие кои се позитивни на коронавирусот со сета заштитна опрема и според протоколите се во Собранието за да се обезбеди кворум за да може да биде Собранието ефикасно.
„Опозицијата направи непромислени чекори против сопствениот народ. Затоа владејачкото мнозинство со нив или без нив ќе ја изгласа помошта за граѓаните“ изјави Митревски.
Еден час претходно опозицијата обвини дека петтиот пакет мерки трпи поради тврдоглавоста на власта . Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески на прес конференција пред почетокот на собраниската седница ги обвини претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев за намерно кочење на изгласувањето на петтиот пакет антикризини мерки.
ВМРО-ДПМНЕ: Петтиот пакет мерки трпи поради тврдоглавоста на Џафери и Заев
Тој посочи дека пратениците од опозицијата се во Собрание и ќе обезбедат кворум за гласање на петтиот пакет мерки. Стопанствениците и граѓаните два месеци чекаат помош од властата која работи на нивна штета, затоа што тој пакет стигна во Собрание на 19 февруари.