Добавить новость
ru24.net
World News
Апрель
2021

Лукашенко ги обвинува САД за заговор за атентат

0
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека врз него бил спроведен обид за атентат за кој смета дека е поддржан од САД. Тој истакна дека со помош на руските разузнавачи биле приведени двајца белоруски државјани во Москва за кои се верува дека биле поврзаност со заговорот. Во наводите за тоа не беа посочени докази за неговото тврдење.


Засега американските власти не одговорија на обвинувањата. Според наводите, руската безбедносна служба во Москва ги уапсила белорускиот политиколог Александар Федута и адвокатот Јури Женкович кои имаат и американско државјанство. Лукашенко кој владее во Белорусија веќе три децении чести ги обвинува западните земји дека се обидуваат да го симнат од власт, откако тој прогласи победа на претседателските избори во август минатата година.


Обвинувањата за обид за атентат доаѓаат во време кога се во пораст тензиите во соседна Украина, бидејќи Русија поставува воени трупи долж источната украинска граница, а Киев предупредува на можна воена интервенција.


Русија со години како најблизок сојузник на Белорусија се обидува да го привлече Минск во поблиско сојужништво, односно унија, но Лукашенко на тоа се противи затоа што стравува од загуба на белоруската независност но и од загуба на неговиот авторититет.


Лукашнеко во вчерашното телевизиско гостување изјави дека тој и неговите деца биле таргет на наводниот заговор за атентат. Според него обидот за атентант бил одобрен од највисокото политичко раководство на САД, но за таквото обвинување не сподели докази за поткрепа.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Арина Соболенко показала необычный новогодний стол






В кузбасских аэропортах задержали вылеты в Москву, Иркутск и Екатеринбург

Не успели: реставрация памятника Чкалову в Оренбурге затягивается

Конкурс с призом! — задачка про вентиляцию

Кадры вне рамок. Двенадцать самых запоминающихся фильмов 2024 года