Добавить новость
ru24.net
World News
Май
2021

Заев до ММФ: Економскиот раст ќе остане на 4,1 проценти за 2021 година

0
Премиерот Зоран Заев одржа онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон, информираше денеска прес-службата на Владата.



На состанокот се дискутирало за изгледите за економски раст во земјава согласно разговорите што ги имала мисијата на ММФ во последниве десеттина дена. Во фокус била монетарната и фискалната политика како и инвестицискиот план и среднорочната фискална стратегија.



„Премиерот Заев се осврна на досегашните заложби и мерки на Владата за справување со ефектите од пандемијата, кои дадоа добри резултати, се поддржа стопанството, работните места, како и ранливите категории граѓани. Заев на средбата информираше и за позитивните трендови во земјата кои даваат сигнал на стабилизирање на економија, зајакнување на довербата кај инвеститорите, како и за растот на извозот, на индустриско производство, внатрешниот промет, како и на просечната месечно исплатена нето плата,“ се вели во соопштението.






Во врска со проекцијата за економски раст, премиерот Заев информирал дека согласно владините проекции економскиот раст ќе остане на 4,1 проценти за 2021 година, што е на линија со проекциите на ММФ од 3,8 проценти, Народната банка од 3,9 проценти и на Европската комисија од 3,7 проценти.



На состанокот било заклучено и дека со стивнувањето на пандемијата и масовната вакцинација се дава силен стимул дека економијата се враќа на патеките на економски раст.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Елена Рыбакина вызвала оптимизм перед стартом на топовом турнире






Инвесторы могут приобрести у города два коммерческих объекта на севере Москвы

«Оклахома» обыграла «Хьюстон» в НБА благодаря 51 очку Гилджес-Александера

«Зорро» спешит в Москву

Анатолий Гарбузов: От чипов до вакцин — столичные промышленники наращивают производство продукции для домашних питомцев