Добавить новость
ru24.net
World News
Июнь
2021

ЕУ до Унгарија- или почитувај ги правата на ЛГБТИ или оди си

0
Лидерите на Европската унија побарале од Унгарија да ги почитува ЛГБТ-правата или да го напушти блокот. За време на Самитот односно на состаноците во Брисел имало остри дискусии и лични судири меѓу лидерите на земјите-членки и конфронтации со премиерот Виктор Орбан околу новиот закон на неговата земја со кој се забранува училиштата да користат материјали што може да се сметаат за промовирање на хомосексуалноста.


Холандскиот премиер Марк Руте пред медиумите денеска изјави дека неколку негови колеги се судрија лично со Орбан околу законот за време на дводневниот самит на блокот.


„Престани со ова, мораш да го повлечеш законот, и доколку не ти се допаѓа тоа и доколку навистина сметаш дека европските вредности не се твои вредности, тогаш треба да размислиш дали треба да останеш во ЕУ“, му порачал Руте на Орбан.


Предложените законски измени, кои сепак мора да бидат одобрени од претседателот на Унгарија, забрануваат „прикажување и промовирање на хомосексуалноста“ на малолетници во училишта, филмови или реклами.



Орбан критикуван од ЕУ за контроверзниот унгарски закон за ЛГБТ
Вон дер Лајен: унгарскиот анти ЛГБТ закон е срам


Унгарскиот премиер  Виктор Орбан смета  дека сите критики се темелат на погрешното толкување на законот и дека во него нема дискриминација. Тој вели дека законот е гарантирање на правото на родителите да ги воспитуваат своите деца и заштита на малолетниците од пристап до содржина што е спротивна на принципите на родителство на нивните родители. Орбан вчера на новинарско прашање дали ќе го поништи законот, конзервативниот унгарски премиер ги отфрли критиките и рече дека законот е „готов“.



Францускиот претседател Емануел Макрон ја нарече битка над цивилизацијата и културата. Но, тој подоцна малку се повлече од неговите коментари велејќи дека не се согласува со ставот дека Унгарија треба да го напушти блокот.


„Тоа е езгистенцијално прашање за Европејците и голема дебата. Не поддржувам користење на членот 50  за исклучување од ЕУ“, рече Макрон на прес-конференција.


Пред самитот, лидерите од 17 од 27-те членки на блокот потпишаа писмо во кое изразија загриженост и жалење за каква било форма на дискриминација заснована на сексуална ориентација. Во него е посочено дека „почитувањето и толеранцијата се во основата на европскиот проект“.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Организаторы турнира WTA извинились за ошибку с национальностью Касаткиной






Крылья, советы: что увидят зрители международной авиавыставки NAIS

Причиной конфликта со стрельбой в Москве стал неисправный автомобиль каршеринга

Асмус, Петров и Собчак посетили премьеру «Пророка» с Борисовым о Пушкине

СК завел дело после стрельбы и похищения человека на западе Москвы