Добавить новость
ru24.net
World News
Июнь
2021

Расте бројот на починати од уривањето на зграда во Мајами

0
Бројот на загинати под остатоците од урнатиот дел на 12 катна станбена зграда во северниот дел од Мајами порасна на 4 лица. Но, се уште 160 се водат како исчезнати. Пријавени се единаесет повредени, при што четири лица биле лекувани во болници.


Втор ден спасувачите трагаат по преживеани луѓе кои останеле заробени под остатоците од урнатиот дел на 12 катна станбена зграда во северниот дел од Мајами. Сликите од Сурфсајд, северно од Мајами Бич, покажуваат огромен куп урнатини од станбена зграда.Минатата ноќ, стотици спасувачи користели сонари и специјално истренирани кучиња, кои ги пребарувале остатоците, трагајќи по преживеани.


Градоначалничката на Мајами. Даниела Левин Кава денеска изјави дека спасувачите се изложени на „екстремен ризик“ минувајќи низ урнатините.


"Остатоци од урнатините паѓаат врз нив додека ја завршуваат својата работа. Имаме градежни инженери на лице место за да се осигураме дека нема да бидат повредени, но тие продолжуваат бидејќи се силно мотивирани да спасат живот плус и преземаат вонреден ризик на локацијата", изјави таа. 



Се урна повеќекатница во Флорида


Што го предизвикало урнувањето на дел од станбената зграда, изградена пред 40 години, засега останува нејасно. Досега 102 жители на зградата се лоцирани, но не е сигурно колку од нив биле во своите станови, кога се случи катастрофата. Околу 40 луѓе биле извлечени во првите неколку часа по уривањето на зградата. 


Претседателот на САД, Џо Бајден одобри прогласување вонредна состојба за Флорида, што значи дека тимови од федералната агенција за справување со вонредни состојби, ФЕМА, ќе им помогнат на локалните спасувачи.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Даниил Медведев

Теннисист Медведев прекратил сотрудничество со своим тренером Симоном






В Воронеже выступит известный виолончелист Василий Степанов

511 дней: в Ставрополе запустили обратный отсчёт до старта инновационного проекта «Школа 21»

Орловская область стала пятой в топе регионов Черноземья по объему вкладов на душу населения

Путин обсудил с губернатором Тверской области экономическое развитие региона