Добавить новость
ru24.net
World News
Июнь
2021

Бајден- САД нема да ги остави зад себе Авганистанците кои и помогнаа на американската војска

0
Американскиот претседател Џо Бајден еден ден пред да се сретне со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и со високиот претставник на Советот за национално помирување изјави дека САД нема да ги остави зад себе Авганистанците кои и помогнаа во американската војска во перидот кога меѓународните воени сили се повлекуваат од земјата.


Тој пред медиумите изјави дека процесот за преместување на Авганистанците кои им помагаа на Соединетите држави веќе започна, но како што вели, не знае каде ќе бидат преместени бидејќи чекаат визи за САД.


Талибанците ја презедоа контролата над десетици области од владините сили во последните неколку недели, предизвикувајќи загриженост за можен пад на владата во Кабул по повелкувањето на меѓународните воени сили предводени од САД.


Во меѓувреме, администрацијата на Бајден се најде под притисок на членовите на Конгресот и ветерани да евакуираат илјадници Авганистанци кои работеле како толкувачи или на друг начин им помагале на воените операции на САД во текот на 20-годишното воено распоредување на САД во земјата.


Американскиот државен секретар, Антониј Блинкен, минатата недела изјави дека за виза пристигнале околу 18 илјади апликации, вклучително и 9 илјади кои се во процесот на аплицирање за имигрантска виза.



Претседателот на Авганистан Гани во Вашингтон




Се очекува на на состанок во Белата куќа на Бајден со Гани и Абдула да добие барање за гаранции за помошта на САД за авганистанската влада.


„Оваа посета е прва и ја покажува нашата постојана посветеност и поддршка на авганистанскиот народ и на авганистанските национални одбранбени и безбедносни сили. Претседателот ќе ја нагласи потребата од единство и кохезија, како и потребата авганистанската влада да се фокусира на клучните предизвици со кои се соочува Авганистан, изјави денеска портпаролката на Белата Куќа Карин Пјер.



Американските разузнавачи загрижени за можен пад на авганистанската влада


Претходно весникот „Волстрит журнал“ објави дека неодамнешните достигнувања на талибанците низ Авганистан ја поттикнале американската разузнавачка заедница да ги ревидира своите изгледи за тоа колку долго може да издржи владата во Кабул, поддржана од Западот, откако американските трупи ќе го завршат во целост повлекувањето.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Даниил Медведев

На турнире в Марселе под флагом России оказались имена Медведева и Хачанова






Специалист Гомыранов: тёплая зима не повлияет на количество змей в Подмосковье

В Казани отметили 46-ю годовщину победы Исламской революции в Иране

Превышение уровня токсинов в тысячу раз обнаружили в реке в Ленобласти

Охрана Блогеров. Охрана Певцов. Охрана Концертов. Охрана концертов мероприятий.