Претседателот на Авганистан Гани во Вашингтон
Американските разузнавачи загрижени за можен пад на авганистанската влада
Брзиот и голем напредок на талибанците ја поттикна американската разузнавачка заедница да ги ревидира своите изгледи за тоа колку долго може да издржи владата во Кабул, поддржана од Западот, по заминувањето на странските сили, пишува весникот Волстрит журнал. Повикувајќи се на официјални лица, весникот објави дека американските разузнавачки агенции заклучиле дека авганистанската влада може да падне шест месеци по завршувањето на повлекувањето.
Авганистанците кои им помагаа на странските сили во опасност
Претходните анализи беа дека авганистанската влада може да опстои дури две години по заминувањето на трупите. Талибанците ја презедоа контролата над десетици области од владините сили во последните неколку недели. Претходно оваа недела, бунтовниците го зазедоа главниот граничен премин на Авганистан со Таџикистан и извршија офанзива врз северните градови Кундуз и Мазар-е Шариф. Американската армија соопшти дека веќе има повлечено повеќе од половина од своите 3.500 војници од регионот и неговата опрема. Претходно оваа недела, портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека Пентагон би можел да го забави повлекувањето во светло на неодамнешните победи на борбите на талибанците.