Пратасевич и неговата девојка се преместени во домашен притвор
Родителите на Пратасевич барат помош од Меркел
Таткото на Раман, Дмитри Пратасевич кој живее во Полска за БиБиСи вели дека не е сигурен зошто властите го презеле тој потег.
„Можеби е вклучен во некаква политичка игра. Адвокатот не кажува ништо, властите не кажуваат ништо. Ако навистина му е смената мерката притвор во домашен притвор тогаш тоа значи и подобрување на условите за живот. Но што понатаму ќе се случува е непознато“ вели Дмитри Пратасевич.
Циханускаја: Лукшенко ја претвори Белорусија во Северна Кореја на Европа
ЕУ лидерите повикаа на „крај на репресијата“ во Белорусија
Од канцеларијата на опозициската лидерка Свјатлана Циханускаја вели дека преместувањето на двајцата притвореници во домашен притвор е добра вест но не е доволно, тие сè уште се држат без причина. Амнести Интернешнл соопшти дека правдата нема да биде задоволена се додека двајцата не бидат ослободени.