Добавить новость
ru24.net
World News
Июнь
2021

Турција незадоволна од исходот на Самитот на ЕУ

0
Одлуките усвоени на самитот на лидерите на ЕУ, кои се однесуваат на Турција, се далеку од тоа дека ги содржат очекуваните и неопходните чекори, се вели во соопштението од турското министерство за надворешни работи. Во писмената реакција по вчерашниот состанок во Брисел е наведено дека Турција направила повеќе отколку што и следува во контекст на намалувањето на тензиите, интензивирање на дијалогот и соработката.


„Новиот пакет финансиска помош на ЕУ не е насочен кон Турција, туку кон сириските бегалци и тој всушност претставува чекор кон обезбедување на благосостојба и безбедност на Унијата. Сведувањето на соработката во областа на миграцијата исклучиво на финансиска основа е голема грешка. Би било корисно за сите да постои интензивна соработка на ова поле“, се порачува во соопштението.


Турција ја обвинува ЕУ дека во однос на Кипар само ги повторува грчките ставови и дека продолжува да ги игнорира кипарските Турци и нивните права.

Исто така, се додава дека со инсистирање на такви позиции, ЕУ нема да може да даде конструктивен придонес во решавањето на кипарското прашање.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Дарья Касаткина

Американка Эшлин Крюгер выбила Дарью Касаткину с турнира в Абу-Даби во втором круге






Иркутская область получила медаль за создание модельных библиотек

Пассажиропоток МЖД в январе вырос на 2% до 57,1 млн человек

Похожий на взрывное устройство предмет нашли в Новой Москве

Псковичи одними из первых прислали открытки на конкурс Музея Победы в честь Года защитника Отечества