Нови 766 случаи на ковид 19, починале 12 лица
Регистрирани сe 486 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица. Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 – 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Реално нереална слика за бројот заразени од Ковид
Досега во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.
