Одложена расправата за разрешување на претседателот Мета
„Прашањето „за разрешување на претседателот на Република Албанија поради тешки повреди на Уставот“, чиј подносител е Собранието на Република Албанија кое на јавната пленарна седница требаше да биде на 18.01.2022 година, во 10:00 часот е одложено за 1.2.2022 година, во 10:00 часот, од причини што известителот на случајот е позитивен на Ковид-19“, се наведува во соопштението на Уставниот суд.
Доколку седумте уставни судии одлучат во корист на одлуката на Собранието тоа би било прв преседан на разрешување на шеф на државата.
Средба на Ковачевски и Мета - почнувањето на преговорите е важно за целиот регион
Разрешен или не од Судот, на Илир Мета за неколку месеци, односно на 24 јули годинава, му завршува мандатот, како што самиот најави, се враќа на политичката арена, на чело на партијата Движење за социјалистичка интеграција(ЛСИ), што тој ја формира, а по изборот за шеф на државата партијата ја предводи неговата сопруга Моника Круемади.
