Берлин повикува на дипломатија околу Украина
„Ќе направиме се за да ја гарантираме безбедноста на Украина. Ќе направиме се за да ја гарантираме безбедноста на Европа“, изјави Баербок на заедничката прес-конференција со нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба.
„Секој понатамошен агресивен чин ќе има висока цена за Русија, економски, стратегиски и политички“, рече германската министерка, еден ден пред да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва.
Германската министерка за надворешни работи во Украина и Русија
Во 2014 година, Русија незаконски го анектираше Крим и ги поддржа сепаратистичките борци во тековната војна во источна Украина која однесе повеќе од 13.200 животи.
Киев и неговите западни поддржувачи сметаат распоредувањето на десетици илјади руски војници долж границата со Украина во последниве недели, би можело да биде подготовки за потенцијална инвазија, нешто што Москва го негираше.
Разговорите меѓу Москва и западните земји за военото засилување на Русија завршија без прогрес минатата недела.
