Сончево и топло време со температури до 38 степени
Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.