Добавить новость
ru24.net
World News
Июль
2022

Рама: Апсурдното заложништво на Албанија заврши

0
Албанскиот премиер Еди Рама денеска порача дека сега „нема никаква пречка за преговорите за членство на Албанија во ЕУ“ откако македонските пратеници ги усвоија заклучоците на францускиот предлог во Собранието.


„Конечно! Преговорите за членство на Албанија во Европската Унија веќе немаат никакви пречки! Собранието на Северна Македонија штотуку даде зелено светло за последниот француски предлог. Апсурдното заложништво на Албанија заврши“, напиша на Фејсбук.


Тој додава дека „беа потребни три исцрпувачки години од донесувањето на одлуките на Европскиот совет за да се отвори патот за преговори, така што синџирот на вештачки пречки поставени пред Албанија е целосно израмнет“.


Тој информира и дека албанска делегација в понеделник ќе замине во Брисел за да го започне овој нов дел од патот, почнувајќи ги преговорите за членство. И албанскиот пртседател Илир Мета го поздрави одобрувањето на францускиот предлог од страна на македонскиот Парламент, оценувајќи дека „тоа го отвора патот за почеток на преговори за членство во ЕУ и за Албанија“.



Францускиот предлог помина во Собранието


Со 68 гласа „За“ пратениците во Собранието денеска ги усвоија заклучоците за таканаречниот француски предлог со кој треба да се откочат македонските евроинтеграции. Немаше против и воздржани пратеници.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Владимир Иванов

Бадминтонист Владимир Иванов возглавил минспорт Челябинской области






Терапевт Чернышова: густая кровь повышает риск появления тромбов

Воздушные суда из Москвы, Камчатки и Якутска 15 февраля прилетают во Владивосток с задержкой

Вильфанд: в Москве похолодает до -16 градусов на следующей неделе

Синоптики спрогнозировали облачную погоду с осадками в столице 15 февраля