Хакиран сервер за е-пошта на иранската агенција за атомска енергија
Тоа се случи еден ден откако иранската хакерска група, „Black Reward“ на социјалните мрежи објави дека го хакирала внатрешниот систем за е-пошта на иранската компанија за производство и развој на нуклеарна енергија.
Групата изрази поддршка за тековните протести во Иран предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор на иранската полиција за морал.
Иранците започнаа солидарни штрајкови, протестите влегуваат во шеста недела
Се наведува дека објавените информации вклучуваат „раководење и оперативни распореди на различни делови на електраната Бушер“ и „договори за атомски развој и договори со домашни и странски партнери“.
Организацијата за атомска енергија соопшти дека „потегот е направен со цел да се привлече вниманието на јавноста“.
„Треба да се забележи дека содржината во е-поштата на корисниците содржи технички пораки и рутински и тековни секојдневни размени“, објавија државните медиуми.
Разговорите меѓу светските сили и Иран за враќање на нуклеарниот договор од 2015 година се во мирување, при што Соединетите држави неодамна изјавија дека Техеран покажал мал интерес за оживување на пактот.
Иран ги обвини Соединетите Држави дека сакаат да добијат отстапки во нуклеарните преговори со поддршка на протестите за смртта на Амини.
