Добавить новость
ru24.net
World News
Июль
2023

Дијабетичарите на протест пред Министерство за здравство

0
Лица со дијабетес протестираа пред Министерството за здравство, со барање да добијат средства за мерење и контрола на болеста, како глукомери и ленти, кои недостигаат веќе седум месеци. 


Меѓу нив имаше и деца, кои носеа транспарент „Да им го олесниме детството“.


Сетови за пумпи, сензори, глукомери и терапија недостасуваат и за 700 деца и млади кои најчесто имаат дијабетес Тип 1.


Во земјава има 150.000 граѓани со дијабет, од кои 45.000 се на инсулин.


и за 700 деца и млади кои најчесто имаат дијабетес Тип 1.


Тие во 19 часот излегоа на предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот.


Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ).


Пред протестот претставници на Сојузот се сретнаа со министерот за здравство Фатмир Меџити. Иако излегоа задоволни од средбата, сепак одржаа протест, оти, како што рекоа, тоа што било кажано на срдбата, сакаат да го имаат и во писмена форма.


Тие бараат аптеките да бидат полни и снабдени за секој пациент што ќе дојде да си го земе тоа што му треба.




Министерот за здравство Фатмир Меџити на средбата истакнал дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложуваат да бидат надминати актуелните предизвици.


На состанокот е потпишана одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на ленти.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса