Двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, истрагите за мафијашките престрелки, посериозни финансиски истраги се примери за предмети кои ќе ги работи новиот оддел во скопското обвинителство. Од обвинителството за сега не ги откриваат седумтемина обвинители кои ќе работат на нив, освен шефот, заради сензитивноста на работата.