Предупредувања за нови дождови во Шпанија
Дождот, иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна претходно оваа недела, е нов проблем за жителите бидејќи земјата е веќе заситена, а понатамошните врнежи може да предизвикаат дополнителни поплави.
Оваа катастрофа е најлошата во Шпанија во последните децении, а властите ги предупредуваат жителите дека вонредната состојба е далеку од завршена.
Спасувачките екипи сè уште трагаат по урнатините по исчезнатите лица. Уништени се згради и инфраструктура, огромен број автомобили натрупани по улиците, а затворени се и голем број патишта.
Опозицијата ја обвини владата во Мадрид дека бавно реагирала и не ги предупредувала жителите и не испратила спасувачи навреме.
Министерството за внатрешни работи на земјата веднаш ги обвини локалните власти за лоша реакција и за непреземање соодветни мерки за цивилна заштита.
Шпанската полиција уапси 39 лица кои во четвртокот вечерта ограбувале во поплавените подрачја. Полицијата пронашла поголем број украдени предмети.