Голем интерес за вакцина против сезонски грип
„Исто така, во центрите за хемодијализа се вакцинирани илјада, а во домовите за стари лица, вакцина примиле над 300 луѓе, појаснуваат оттаму.
Потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција, спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи.
„Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на вакцинација.мк и со тоа, директно се регистрира за вакцинација во системот „Мој термин“. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, додаваат од Министерството за здравство.
Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2024/2025 започна на 21 октомври и се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици, како и во здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната www.vakcinacija.mk.
Вакцината ја намалува можноста за стекнување на грип, ја ублажува клиничката слика и спречува компликации или смртен исход, посебно кај ризичните групи (лица над 65 години, лица постари од 6 месеци со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години).
На европско ниво, како што информира ИЈЗ, активноста на вирусот на грип е на меѓусезонско ниво, карактеристично за овој период од годината.