Добавить новость
ru24.net
World News
Ноябрь
2024

Мемеди: Се води кампања против мене и Клиниката за детски болести

0
Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди смета дека периодов имало кампања против Универзитетската клиника за детски болести и лично против него, иницирана од поединци кои имале лични интереси и болна намера за власт и позиција, а тоа како што вели, го правеле преку злоупотреба на детски судбини.


„Имаше тенденција да се прикаже дека за време на моето директорување, што беше само три месеци во октомври, сега четири месеци, има голема стапка на смртност на Детската клиника, но фактите го говорат спротивното, рече Мемеди на денешната прес-конференција (15 неомври).


Во однос на смртноста на Детската клиника, Мемеди рече дека сега има двапати помала стапка на смртност во споредба од пред пет години.


Во четирите месеци откако е директор рече дека наишол на многу наталожени проблеми, нерешени со години. Кујната е во амортизирана состојба, а надвор од употреба е и хидрофорот од кој се напојуваат со вода хидрантите, вели директорот.


„Кујната каде се подготвува храната за децата и за бебињата е во комплетна амортизирана состојба, со инвентар што е над 20 години стар, што е многу тешко да се одржува по стандарди како што треба, со простории што се руинирани. Во вакви простории на Детската клиника, со години се подготвува храната за деца.  Има неколку пумпи за вода што секојдневно прават дефекти, секоја недела имаме проблем и недостиг на вода. Една од тие пумпи е хидрофор што обезбедува висок притисок за хидрантите што ни се по спратови во случај на пожар и тој хидрофор од 2018 година е надвор од употреба. Замислете, денеска да имаме пожар по спратови, ние немаме притисок, односно немаме вода за гасење пожар. Лифтовите се над 40 години стари, значи и двата лифта се вон функција и пред да дојдам јас на оваа функција. И никој не се нафатил да го решава овој проблем, а нашите пациенти се качуваат по скали“, рече Мемеди.




Мемеди информираше дека кога стапил на функцијата, имал десетици барања, немало апарати за мерење притисок, монитори и друго, а на прашање дали специјализанти сами се оставаат на дежурство, тој одговори дека специјалистите биле секое време присутни, бидејќи и тие дежурале.


„Недостигот на кадар е системски проблем што се провлекува со години. На нашата клиника, да, дежураат и специјализанти, меѓутоа во секое време тука се достапни специјалистите, кои исто така дежураат. Значи, не дека немаме специјалисти дежурни кои апсолутно дежураат. Меѓутоа, секако дека имаме сериозен недостаток на кадар. Во последните 14-15 години од нашата клиника заминале 40 специјалисти, половина од нив во пензија, а половина во приватното здравство и се поставува прашањето, зошто се случил ваков егзодус на стручен кадар од Детската клиника? Тоа прашање треба да се анализира“, смета Мемеди.


Тој нагласи дека во однос на забелешките од надзорните комисии за трите починати деца изминатиов период, само во едниот случај имало стручни забелешки. Околу преземените мерки за двајца лекари за смртта на 14-месечното бебе, директорот појасни дека согласно законските задолженија, тој формирал комисија за утврдување одговорност за дисциплински престап врз основа на извештаи официјални од Комисијата за стручен надзор и истакна дека постапката е во тек.


Комисијата има законски рок од 60 дена да одлучи за мерките за одговорност за конкретните лекари.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Стала известна сетка турнира ATP-250 в Брисбене, где сыграют Новак Джокович и Ник Кирьос






В Московском регионе ввели «желтый» уровень погодной опасности из-за гололедицы

Социально значимый короткометражный фильм «ИВАН»

Мэр Москвы наградил генерального директора «Россети Северо-Запад» за плодотворную работу

Минобороны: в осенний призыв в войска РФ направили 133 тыс. человек