Добавить новость
ru24.net
World News
Ноябрь
2024

Српскиот министер Томислав Момировиќ поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад

0
Министерот за внатрешна и надворешна трговија во Владата на Србија, Томислав Момировиќ, поднесе оставка, јави Радио телевизија Србија (РТС). 



„Благодарен сум на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за довербата. За него и за Србија, јас сум секогаш тука“, изјави Момировиќ во оставката.



Томислав Момировиќ беше на чело на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура од 2020 до 2022 година.



Ова е втора оставка во Владата на Србија поради уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица. На 5 ноември оставка поднесе и министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ. Но, тој рече дека оставката е од од морални причини и дека не прифаќа вина.


Граѓани на Србија на протести во Нови Сад и во Белград бараат одговорност од властите за уривањето на настрешницата во која загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени. 




Републичките и покраинските пратеници и советниците на опозициските партии во градското собрание на 20 ноември, втор ден по ред, ја блокираат зградата на судот и обвинителството во Нови Сад. 


Пратениците на опозицијата бараат Вишото јавно обвинителство да соопшти кои се осомничените за пропустите кои доведоа до пад на настрешницата и смртта на 15 лица, како судот да одлучува по жалбите на лицата кои се приведени од апсењето по протестот на 5 ноември.


Обвинителството во Нови Сад досега сослушало 71 лице, но засега никој не е лишен од слобода.


Настрешницата се урна на 1 ноември, откако зградата на Железничката станица во Нови Сад беше свечено отворена во јули 2024 година по тригодишна реконструкција.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Анастасия Павлюченкова

Павлюченкова высказалась о победе над Векич на Australian Open — 2025






Областной суд может поставить точку в деле о национализации "ТОСК" и "ТСК"

Житель Московской области отправился в колонию за смерть нового знакомого в Киржачском районе

Некоторым россиянам грозят крупные штрафы за одно дело

В Соцфонде России по ДНР рассказали, кто может выйти на пенсию в 2025 году