Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Цената на струјата за домаќинствата нема да се зголеми повеќе од еден отсто

0
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, не очекува просечната цена на струјата за домаќинствата да се зголеми за повеќе од еден процент, почнувајќи од 1 јануари идната година.


Ваквата проценка ја темели на цените кои РКЕ ги одреди за мрежарината, за преносот и за дистрибуцијата на елктричната енергија, како и врз основа на понудената цена од страна на ЕСМ до универзалниот снабдувач ЕВН хоум која изнесува 62 евра за мегават час.


Колкаво ќе биде точно зголемувањето на цената на електричната енергија, како и цената по одделни блокови на потрошувачи, ќе биде познато деновиве откако пресметките ќе ги направи ЕВН хоум кој како универзален снабдувач е надлежен за тоа и потоа таквите цени ќе ги достави до РКЕ на контрола и на конечно одобрување. Цените ќе се однесуваат на регулираниот пазар на електрична енергија преку кој се снабдуваат домаќинствата и малите потрошувачи.


„ Имајќи во предвид дека веќе ја знаеме и цената која што ја пријави и ЕСМ на тендерот на универзалниот снабдувач, која што изнесува 62 евра за мегават час, јас не очекувам покачувањето на електричната енергија на просечната цена за домаќинствата да биде поголемо од еден процент“, рече Бислимоски на денешната прес конференција  и додаде:


„Делот којшто е најбитен и се однесува на домаќинствата и на најголем дел од малите потрошувачи, односно мрежарината, вклучувајќи го преносот и дистрибуцијата, таму имаме намалување за седум проценти“, рече Бислимоски.




Процентуалното учество на трошоците за мрежарина е 38 проценти.


Во врска со дневната евтина тарифа Бислимоски појасни дека анализите покажале дека цената на електричната енергија на најголемата берза во регионот како и на нашата берза се најниски во периодот од 12 до 16 часот а највисоки од 20 до 24 часот.


„Имајќи во предвид дека нашите домаќинства веќе имаат стекнати навики во однос на евтината тарифа се одлучивме до пролет да ја оставиме ситуацијата таква каква што е, па потоа врз основа на состојбата во АД ЕСМ ќе носиме понатамошни одлуки. Инаку во однос на дневна евтина тарифа Македонија е единствена држава во регионот која има евтина тарифа во текот на денот“, изјави Бислимоски.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Полина Кудерметова проиграла в первом круге турнира WTA-125 в Лиможе






Глава Ингушетии поручил Правительству обновить материально-техническую базу в Горском кадетском корпусе

В Шарлыкском районе сломался автобус с 55 иностранными гражданами

Член МОК от РФ Тарпищев рассказал, как мир тенниса встал на сторону России

В Москве вручили XXIX премию «Золотой граммофон»