Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

Фискалниот совет препорачува одење во пензија на 67 години

0
Фискалниот совет до Собранието достави Мислење со кое бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија.


Во однос на Фискалната стратегија (2025-2029) што владејачкото мнозинство ја усвои, стои препорака, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени да се помести на 67 години. 


Фискалниот совет смета дека буџетската дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е голема, а линеарните зголемувања од 2500 денари ќе придонесат Фондот на долг период да не биде одржлив. 


„Потребни се дополнителни мерки, како зголемување на работниот век на вработените, така и постепено (макар и благо) зголемување на стапката на придонесот за ФПИОМ (тековно е 18,8%), која моментално е за 2,4% помала во однос на 2008 година кога изнесуваше 21,2%. Кога на ова би се додало стареењето на населението, а со тоа и секоја година зголемувањето на бројот на пензионери за околу 1500-1700 нови пензионери секоја година, придружено и со преференцијата за емигрирање на младите во странство, а со тоа и релативно намалување на покриеноста на пензиските приходи со наплатените придонеси, проблемот уште повеќе станува комплексен“.




Оттука, фискалната одржливост на Фондот за ПИОМ претставува посебен фискален ризик, сметаат од Фискалниот совет.


„Имајќи го предвид значителното намалување на невработеноста, недостатокот од квалификувана и професионална работна сила, Фискалниот совет цврсто препорачува од почетокот на 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензиско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти“, пишува во Мислењето на Фискалниот совет.


Претседател на Фискалниот совет е Глигор Бишев, а членови се и академикот Абдулменаф Беџети, како и Марина Трпеска, редовен професор на Економскиот факултет при УКИМ.


Ова тело беше формирано лани со цел да биде еден вид контролен механизам на секоја една власт против високи буџетски дефицити и нивоа на јавен долг.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Теннисист Рублев заявил, что ждет от турнира в США барбекю и джакузи ночью






Прогноз стоимости жизни в мегаполисах мира в 2025 году: мнение Станислава Дмитриевича Кондрашова

Встреча поэтического клуба состоится на северо-западе Москвы

Нижегородцы могут принять участие в кадрово-образовательном проекте "ПолитСтарт"

В IV квартале 2025 года запланирован запуск трамвая от станции метро «Купчино» до Шушар