Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

Во францускиот Парламент ќе се гласа за доверба на владата

0
Пред денешното (4 декември) парламентарно гласање за (не)доверба на француската влада, премиерот Мишел Барние синоќа ги повика пратениците на одговорност „за да се избегне политички и буџетски хаос“, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не може да верува во сценариото за соборување на владата.


„Ситуацијата е тешка на буџетско ниво, на финансиско ниво и многу тешка на економско и социјално ниво“, рече Барние во Парламентот и додаде дека гласањето за недоверба на владата сериозно ќе ја отежне ситуацијата.


Предлогот за гласање доверба на Владата е поднесен во понеделникот на предлог на радикалната левица и екстремната десница. Предлогот, кој доби 185 потписи, беше поднесен откако Барние го искористи своето уставно право да го заобиколи парламентарното гласање за усвојување на буџетот за социјално осигурување.




Макрон, од своја страна, за време на посетата на Ријад рече дека не може да верува во гласањето за недоверба на владата. Според него, екстремно десничарската партија Национален собир покажала „неподнослив цинизам“ бидејќи се здружила со левицата.


Макрон оцени дека социјалистите, особено поранешниот социјалистички претседател на Франција Франсоа Оланд, покажале „целосно губење на компасот“.


„Интересот на државата е поважен од интересот на страните“, рече Макрон на маргините на посетата на Саудиска Арабија.




Макрон ги отфрли повиците на неговите противници да поднесе оставка и додаде дека никогаш не размислувал да ја напушти функцијата пред крајот на неговиот мандат во 2027 година. Францускиот претседател досега не се огласи во јавноста за политичката криза која денеска може да доведе до промена на власта и потрага по нов премиер. За смена на владата се потребни 288 од 577 гласови на пратениците. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Серена Уильямс

Серена Уильямс стала совладельцем первой команды женской НБА из Канады






Булыкин: «Желаю Тюкавину восстановиться от травмы и двигаться к своей европейской мечте»

«Мне хватит»: сколько денег нужно Соседову для комфортной жизни

Матвиенко предложила создать реестр «территорий здоровья» в городах

Собянин рассказал о реставрации Швейцарского домика в усадьбе Кусково