Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

МОН формираше комисија за случајот со ученикот од „Лазо Ангеловски“

0
Интердисциплинарна комисија ќе го разгледува случајот со третоодделенецот од основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во основното училиште „11 октомври“, најави Министерството за образование и наука (МОН).


„На иницијатива на МОН е формирана интердисциплинарна комисија составена од претставници на министерството, Бирото за развој на образованието, општината, училиштето и социјалните служби, која се состанува за разгледување и преземање соодветни мерки и активности согласно законската регулатива, во чиј фокус се најдобрите интереси на ученикот, но и на сите инволвирани“, велат од МОН.


Поради овој случај денеска (5 декември) немаше настава во двете скопски училишта.


Третоодделенецот од чие однесување се жалат родители од ОУ „Лазо Ангеловски“ требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“.


Родителите на ученици од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, а по повлекување на одлуката и негово враќање во матичното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска (5 декември) празно остана и ова училиште.  




Според вчерашната изјава на министерката Весна Јаневска, случајот добил преголема, непотребна и донекаде неправедна јавност и обем.


„Системот на државата е должен да му овозможи на било кое дете да поминува низ образовен процес. Училиштето од каде што потекнува детето, на располагање има психолог, педагог и директор и цел систем за да го реши проблемот. Ист таков систем има и училиштето во кое што оди сега детето. Тоа не смее да остане на улица“, изјави Јаневска.


Основното образование е задолжително во Северна Македонија.


Министерката повика на разум и рече дека ако училиштата, стручните служби, општините не најдат решение, проблемот ќе го решава МОН.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Александр Бублик

Бублик в двух сетах проиграл на турнире в Марселе






"Открой дверь, мама придёт": Последние слова Олега Стриженова. Сын не смог сдержать слёз

На нейтральной территории: названа страна, где может состояться встреча Путина и Трампа

Адвокат Винника получил подтверждение от Госдепа США об освобождении россиянина

Депутат Колунов призвал дать скидку 50% на оплату ЖКУ для многодетных