Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

Осум поранешни членови на комисии ќе добијат апанажа

0
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска (5 декември) даде поддршка за барањата за апанажа на осум лица од поранешните состави на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, на кои мандатите им беа прекинати откако двете комисии беа споени со законски измени на 17 септември годинава.


Одобрени се апанажи во времетраење од девет месеци за поранешната претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен Даница Чадиева и за членовите на Комисијата Шефки Јашари, Даниела Бочварска, Виктор Бубевски, Ивана Шапкар и Неждет Винца, како и за претседателката на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка Елизабета Русевска и членот на Комисијата Кирил Давков. 


Комисијата за избори и именувања ги поддржа и барањата за отпреминина поради заминување во пензија на поранешните членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен  Менсур Зенуни и Бошко Китановски. Ним им се одобрува двократен износ на отпремина согласно законските прописи. 




На седницата на Комисијата беше поништена претходната одлука за избор на заменик директор на Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) и ќе биде доставена нова предлог одлука за објавување јавен оглас, откако претходниот еден од вкупно двајца кандидати не ја доставил потребата документација со што се нарушила конкурентноста на постапката. 


Мандатот на актуелниот директор на АЗЛП истекува на 25 декември и Комисијата за прашања на изборите и именувањата до Собранието ќе достави предлог  одлука за објавување оглас за избор на нов директор.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублев вышел в четвертьфинал теннисного турнира в Роттердаме






Из Омска в Ереван могут запустить прямой самолёт

Магнитогорский клуб занял итоговое пятое место на первенстве России по следж-хоккею

Андрей Дахин: «Конференция остаётся великим примером стратегической победы»

РПЦ прокомментировала запрет Трампа мужчинам состязаться с женщинами в спорте