Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

Од 15 декември ќе поевтинат над 600 производи

0
Повеќе од 600 артикли се на листата производи коишто за време на Новогодишните празници ќе се продаваат по намалени цени, соопшти денеска (5 декември) премиерот Христијан Мицкоски.


Мерката стартува од 15 декември и ќе трае до 15 јануари. 


Новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе им бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.


Со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти.


Листата на производи, како што кажа Мицкоски, е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите, дистрибутерите и трговците.


„Направивме нешто што можеби досега никогаш не е направено - сите заедно разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис. Сите се согласивме во  периодот од 15 декември до 15 јануари цените на повеќе од 600 артикли да бидат намалени и брендирани  со налепници на кои ќе пишува „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.




Премиерот истакна дека не се работи за интервентна мерка на Владата и со ограничување на цените, туку за консензуално решение поради што нема да има казнување, туку ќе има мониторинг дали на тие производи ќе бидат залепени налепниците за да бидат визибилни за граѓаните.


Од опозициската СДСМ велат дека мерките на Владата, како што е замрзнувањето на маржите кои беа дел од т.н. есенска кошничка, се покажале како неефикасни и немале никакво влијание врз намалување на цените.


„Вистинската мерка која ќе донесе реална корист за граѓаните и реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната. Со укинување на ДДВ на храната реално и вистински ќе се намалат цените на повеќе од 250 категории на производи, а домаќинствата ќе можат да заштедат и до 2000 денари месечно“ се наведува во соопштението од СДСМ.


Претходната, есенска кошничка, со која Владата ги ограничи маржите кај 73 производи до 10 проценти, траеше до 31 октомври. 


Од 28 септември пак се применува и Законот за нефер трговски практики кој предвидува повеќе од 2500 земјоделски и прехранбени производи да имаат ограничени маржи до 10 отсто.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Анна Блинкова вышла во второй круг турнира WTA-250 в Клуж-Напоке, обыграв Соррибес-Тормо






7 февраля в Москве ожидается переменная облачность, без осадков

Фатальная блокировка счета вместе со всеми деньгами: всем, кто переводит деньги через банковские приложения – назад пути не будет

Скрывался 12 лет: заявивший о массовых пытках в тюрьмах Сирии раскрыл свою личность

Приметы и поверья 7 февраля: что нужно делать, чтобы привлечь финансовое благополучие