Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

Францускиот премиер Мишел Барние поднесе оставка

0
Францускиот премиер Мишел Барние поднесе оставка откако пратениците од екстремната десница и левица гласаа за пад на неговата влада, втурнувајќи ја втората по големина економија на еврозоната подлабоко во политичка криза.


Претседателот Емануел Макрон побара од Барние и владата привремено да останат на функцијата додека тој не го номинира новиот премиер, објави Елисејската палата, пренесува Ројтерс.


Барние, политички ветеран и преговарач на Европската унија за Брегзит, стана премиер со најкраток стаж во модерната француска историја.


Ниту една француска влада не ја изгуби довербата во парламентот, уште од Жорж Помпиду во 1962 година.


Политичките превирања дополнително ја ослабуваат Европската унија, која веќе беше потресена од падот на германската коалициска влада, а сето тоа доаѓа само неколку недели пред враќањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа.


Левицата и десницата го казнија Барние со гласање недоверба на 4 декември затоа што се обиде низ парламентот да протурка дел од буџетот поврзан со социјалното осигурување, без гласање.




Ова дополнително ја ослабува позицијата на претседателот Макрон, кој ја забрза актуелната криза со несреќната одлука за распишување предвремени избори во јуни.


Макрон, кој се соочува со зголемени повици да поднесе оставка, има мандат до 2027 година.


„Главниот виновник за сегашната ситуација е Емануел Макрон“, рече на 4 декември лидерката на Националното собрание, Марин Ле Пен.


„Распуштањето (на парламентот во јуни) и цензурата (на владата) се последица на неговата политика и значајната поделба што постои денес меѓу него и Французите“, посочи таа.


Три извори изјавија за Ројтерс дека Макрон има намера брзо да постави нов премиер, а еден од нив изјави дека францускиот претседател сака да именува премиер пред церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам, на 7 декември , каде се очекува да присуствува Трамп.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Анна Курникова

Названа причина, по которой Анна Курникова появилась на публике в инвалидном кресле






Кожаные "трусы", леопард, Chanel: бывшая жена беглого банкира Татьяна Корсакова посетила Неделю моды в Париже

Посольство России направило в Эстонию ноту из-за сноса стелы на братской могиле

Восточная сказка: в Москве показали проект реконструкции цирка на Вернадского

Эксперт Зубарик оценила концепцию обновления цирка на проспекте Вернадского