Се урна зграда во Каиро, најмалку осум луѓе загинаа
Засега не е јасно што го предизвикало уривањето на шесткатницата, но властите соопштија дека е отворена истрага. Уривањата на згради често се случува во Египет, поради неквалитетна изградба и недостигот на одржување во сиромашни и рурални средини.
Властите во Каиро во изминативе години започнаа со изградат нови населби за да ги преселат оние што живеат во ризичните области. Но, многу египетски градови сè уште има цели населби со дивоградби и станбени згради кои се изградени без да се следат градежни правила и прописи.