Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

Агелер: Доказите за Груби и Беџети се достапни, институциите да постапат

0
Доказите за влијанијата на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети се достапни и се очекува македонските институции да преземат мерки, изјави на 10 декември американската амбасадорка Аџела Агелер на прес конференција во американската амбасада во Скопје.




Таа посочи дека ставањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети на „црната листа“ на САД е за да се повикаат на одговорност оние поединци чии криминални дејности ги поткопуваат безбедноста, стабилноста и вредностите на управување.


„Не мора да ние да им даваме докази или информации на тукашните институции. Доказите се достапни. Ако ние можеме да ги најдеме, можат и македонските институции“, изјави Агелер.




Таа не соопшти детали околу тоа што точно откриле американските истражители за дејствата кои ги презеле Груби или Беџети. Според соопштението на Стејт Департментот, тие примиле мито за да влијаат врз судските процеси поврзани со кривичната пресуда на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.


Агелер синоќа го информирала премиерот Христијан Мицкоски, кога беше објавена одлуката, а разговарале и утрово на оваа тема. На новинарското прашање за коментарите на Мицкоски околку тоа дека домашни политички актери подготвуваат дестабилизација на државата, Агелер нагласи дека не сака да верува оти некој е способен да ја дестабилизира сопствената држава.


Во однос на „црната листа“, Агелер посочи дека таа не затворена и дека очекува на неа да се најдат и други имиња, кои не се само политичари.


Во првата реакција на социјалните мрежи, поранешниот вицепремиер Груби истакна дека таа одлука го засега „лично“.


„Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција“, порача Груби.


Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова изјави дека лицата кои се нашле на црни листи на САД не треба да продолжат со редовни активности.



„Постојат во меѓународните право и меѓусебните односи начини да се дојде до тие докази и да се почне постапка тука, бидејќи во спротивно ние не рагираме кога мора да реагираме и со тоа го толелираме беззаконието. Очекувам судот, јавниот обвинител да почне да постапува“, изјави Давкова.


Соединетите Американски Држави (САД) минатата година ја апдејтираа црната листа со десетина сегашни и поранешни функционери, бизнисмени и компании. Меѓу нив се најде градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков, бизнисмените Јордан Камчев и Сергеј Самсоненко.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Мирра Андреева ответила, есть ли у неё подруги в WTA-туре






Пезешкиан заявил, что Россия и Иран будут развивать военное сотрудничество

Диковинное племя

СК сообщил о задержании подозреваемого в убийстве женщины на западе Москвы

Российская антарктическая экспедиция переехала на НЗК Восток