Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

Ховениер: Има странски актери кои сакаат да ја поткопаат демократијата во Косово

0
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави дека има „активни злонамерни странски актери кои сакаат да ја поткопаат демократијата во Косово, користејќи ги етничките поделби“.



„Не, не смееме да дозволиме тоа да се случи“, рече Ховениер на 10 декември во Приштина, на конференција, организирана од американскиот Националниот демократски институт (НДИ) чие седиште е во Вашингтон.



Тој додаде дека дезинформациите може да имаат директни последици, особено за време на предизборниот период, во кој се наоѓа Косово во пресрет на парламентарните избори кои треба да се одржат на 9 февруари.


Во тој контекст, Ховениер посочи на лажен, измислен разговор меѓу него и косовскиот премиер Албин Курти, кој беше објавен пред неколку години на социјалните мрежи „со цел да се влее недоверба кај српската заедница во Косово. 



„За среќа, не многу луѓе го сфатија тоа сериозно... Но, тоа што некој напишал сценарио, го подготвил тоа сценарио, направил целосно лажно видео со намера да сее недоверба и загриженост кај српската заедница и го објавил на социјалните мрежи, го покажува степенот на овие проблеми“, истакна американскиот амбасадор.






Ховениер, кој го завршува својот мандат во Косово на крајот на декември и заминува во пензија, нагласи дека САД остануваат посветени на Косово како мултиетничка земја и ќе продолжат да ги поддржуваат независните медиуми, вклучително и оние од малцинските заедници.



„Свесни сме и дека медиумите даваат непристрасни и точни информации. Свесни сме дека има некои кои се обидуваат да го искористат ова тврдење за да направат нешто сосема поинакво, за да пренесат порака која има за цел многу поинаква од информирањето на заедницата. Мора да ги осудиме таквите намери и да ги поддржиме независните медиуми“, додаде тој. 



Според него допрва претстои заедничка работа на ова прашање и дека САД се подготвени да се ангажираат повеќе за да најдат нови начини за заштита на демократијата.


Претходно во понеделникот на оваа конференција беше претставена студија на Косовскиот центар за безбедносни студии. На оваа конференција беше заклучено дека намерно се шират кампањи за дезинформација со цел да се влошат меѓуетничките односи.



Оваа студија покажа дека мнозинството жители на Косово, без разлика на етничката припадност, веруваат дека дезинформациите влијаат на меѓуетничките односи.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Красноярская теннисистка Мирра Андреева выиграла турнир WTA в парном разряде






Отравление на базе отдыха: 15 москвичей пострадали от угощений на Новый год

Готовится ли российский подводный флот к возрождению?

«Россети Московский регион» обеспечили мощностью механизацию кластера в ТиНАО

Детские выплаты с января: эксперт Проданова рассказала о сумме 69 000 рублей