Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

Лукашенко помилува 29 затвореници, додека стотици политички затвореници и натаму се зад решетки

0
Белорускиот авторитарен владетел Александар Лукашенко, помилува  29  политички затвореници во пресрет на јануарските претседателски избори, додека стотици други политички затвореници останаа зад решетки. 


Белоруската претседатеска администрација не ги објави имињата на тие што се ослободени, но соопштија дека 11 од нив се жени, а 18 се  мажи. Половина од ослободените боледуваат од хронични болести. 


„Сите ослободени се покајаа за своите постапки и апелираа до шефот на државата да биде помилуван“, се вели во официјалното соопштение.


Во него се додава дека од нив шест се на возраст под 25 години, тројца се пензионери, двајца се инвалиди, а 15 се со хронични заболувања. Дополнително во соопштението е посочено дека белоруското Министерството за внатрешни работи „ќе ги следи помилуваните за да се увери дека повторно нема да го прекршат законот“.



Некои Белоруси ослободени во претходните помилувања пријавија дека биле малтретирани од владиниот безбедносен персонал.






Веднаш не беше јасно дали на списокот на помилуваните има некои истакнати активисти, од кои многумина се држат во, наводно, сурови услови без пристап до правно застапување.


Ова го означува седмиот случај на помилување политички затвореници во Белорусија оваа година, со што вкупниот број на ослободени поединци достигна 178.


Најновите помилувања доаѓаат во контекст на сурово задушување на масовните протести во Белорусија во 2020 година, предизвикани од оспорените резултати на претседателските избори. Лукашенко одговори на демонстрациите со широка репресија, принудувајќи најмалку 13.000 луѓе на егзил.



Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, се очекува да биде прогласен за победник на претседателските избори следната година.



Според организациите за човекови права, околу 1.300 политички затвореници остануваат во белоруските затвори, вклучувајќи политичари, новинари, застапници за човекови права и граѓански активисти.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Даниил Медведев

Медведев проиграл Беллуччи во втором круге турнира в Роттердаме






Работодатели Дагестана получат субсидии на компенсацию расходов для организации временной занятости несовершеннолетних

Мимозы с бесплатной доставкой в Москве от AzaliaNow

Владимир Ефимов: Более 2,7 миллиона квадратных метров нежилой недвижимости построили инвесторы в 2024 году

Из Омска в Ереван могут запустить прямой самолёт