Ден откако Артан Груби, поранешен вицепремиер од ДУИ и апелацискиот судија Енвер Беџети се најдоа на „црната листа“ на Стејт департментот, американската амбасадорка Агелер рече дека доказите за нив се достапни и македонските институции можат да ги најдат. Претседателката Сиљановска-Давкова повика Јавното обвинителство да постапи по допрен глас.