Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

Засега ништо од отворањето на кластерот 3 во преговорите на ЕУ со Србија

0
Прашањето за отворање на кластерот 3 со Србија ќе биде земено предвид откако земјата ќе постигне значителен напредок во областа на владеењето на правото, поточно во поглавјата 23 и 24, како и во процесот на нормализација со Косово.


Ова се наведува во ажурираната верзија на нацрт-заклучоците за Србија, за кои амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) ќе расправаат во петок, на 13 декември.


Во овој документ, Советот на ЕУ повторно потсетува дека напредокот на Србија во владеењето на правото и нормализацијата на односите со Косово „ќе продолжи да го одредува целокупното темпо на пристапните преговори“.


Станува збор за пакет заклучоци за проширувањето кои треба да бидат договорени на ниво на амбасадори и формално усвоени на состанокот на министрите одговорни за европски прашања што ќе се одржи на 17 декември во Брисел.


„Советот ја прифаќа оценката на Комисијата дека Србија го одржува нивото на подготвеност на првичните одредници во кластерот 3 (Конкурентност и инклузивен раст). Советот ќе се врати на прашањето за отворање на кластерот 3 врз основа на значителниот понатамошен напредок на Србија, особено во согласност со областите (поглавја 23 и 24 и дијалог со Косово) и во согласност со преговарачката рамка, споредено со оценката претставена во Извештајот за проширување за 2024 година“, пишува во најновата верзија од заклучоците.




Преговорите за членство меѓу Брисел и Белград се замрзнати главно поради невоведувањето санкции против Русија. Србија нема отворено ниту едно поглавје од декември 2021 година.


За време на својот мандат, Унгарија, која претседава со Европската Унија до 31 декември, иницираше можност за отворање на кластерот 3 за Србија, за што Европската комисија смета дека земјата е технички подготвена.


Сепак, Унгарија наиде на отпор од голем број земји-членки кои, освен проблемот со усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, инсистираат на напредок во владеењето на правото и имплементација на договорите постигнати во рамките на дијалогот за нормализација на односите со Косово. За секоја одлука за евентуално отворање или затворање на поглавја или кластери во процесот на пристапување, потребна е согласност од сите земји-членки на ЕУ.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Даниил Медведев выступит на турнире категории ATP-250 в Марселе






В 5 округах Подмосковья устранили незаконные граффити и рекламу

Убившую собственную бабушку школьницу из Москвы направят на экспертизу

Эксперты рассказали о подорожании квартир разных сегментов в Москве

«Желтый» уровень погодной опасности объявили в Москве и Подмосковье