Закажани нови протести во Нови Сад
Причината за протестот во Нови Сад е што меѓу 25-те точки на дневниот ред нема ниту една за „студентската борба, ниту за смртта на 15 лица“.
Во исто време, продолжуваат блокадите на факултети и дел средните училишта во Србија.
Учениците ги повикаа граѓаните да донесат свирчиња, тенџериња и тави и се што прави врева, за како што велат „да им покажеме дека не можат да не игнорираат, дека не можат да не замолчат“.
Во сутеренот на Собранието на Војводина има и заклучен пратенички клуб, кој, како што може да се види на фотографиите што веќе кружат на социјални мрежи, е полн со припадници на жандармеријата.
Таков беше случајот пред десетина дена, на претходната седница на Собранието на Војводина, а беше случај и пред две недели кога градскиот парламент одржа седница на која се расправаше за разрешувањето на градоначалникот Милан Ѓуриќ.