Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Санацијата на главниот цевковод треба да заврши за помалку од 15 часа

0
Од утре (21 декември) рано наутро ќе почне акцијата за санација на главниот цевковод во Скопје. На терен на предвидените локации ќе работат Секторите ЕОК, Механизација и Водовод. Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод, соопшти денеска  ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. 


Оттаму посочуваат дека согласно Оперативниот план за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.


„Во процесот на активности Сектор Водовод првично ќе направи проверка за исправноста на воздушните вентили, испусти и хидранти поставени по должината на цевководот Ф1600мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност Сектор Водовод со екипи составени од 6 пункта носители на работата со обезбедена испомош на конкретни работници од други пунктови ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот“, се наведува во соопштението. 


Од  ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје апелираат да се внимава со пренесувањето на  информации и да не се предизвикува страв и паника кај граѓаните за неколкучасовното немање вода.


Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ) издаде и препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје.


За граѓаните се препорачува складирање на вода најмалку 4 литри вода по лице на ден, да се користи само за основни потреби како пиење, готвење и лична хигиена, да се користат средства за дезинфекција на раце ако нема достапна вода, да се готват оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење.




Инаку без вода ќе бидат најголем дел од населбите низ градот, освен Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман.


За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.


Од Водовод потенцираат дека системска промена на пет децении стари затворачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во врска со најавениот прекин рече дека нема да има потреба од дотур на вода, затоа што санацијата на дефектот нема да трае повеќе од една редовна санација на кој било друг дефект во градот.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Рыбакина и Гарсия добыли для «Фэлконс» первую победу в матче с «Кайтс» на WTL






Александра Степанова и Иван Букин стали в Омске четырёхкратными чемпионами России по фигурному катанию, второе место в танцах на льду заняли Елизавета Худайбердиева и Егор Базин, а Ирина Хавронина и Девид Нарижный – бронзовые призёры

ТАСС: суд арестовал недвижимость по делу замглавы «Роскосмоса» Фролова

Пассажиры в Шереметьеве больше суток ждут вылета в Египет

Диетолог Соломатина рассказала, кому опасно есть красную и черную икру