Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26
27
28
29
30
31

Декемвриската синдикална кошница зголемена за 840 денари од ноемвриската

0
Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62 861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога изнесуваше 62 021 денар. Со изнајмен стан од 60  квадратни метри, пак, таа изнесува 78 236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).


Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои  23 075 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5728 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6020 денари или 9,6 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2087 денари или 3,3 отсто, за здравје 1135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4727 денари или 7,5 отсто. 




За комуникации на едно четиричлено семејство во декември годинава  му биле неопходни 3417 денари или 5,4 отсто,  за рекреација и култура 4458 денари или 7,1 отсто, за образование 6984 денари или 11,1 отсто, за ресторани и хотели 4131 денар или 6,6 отсто, а за останати стоки и услуги 1100 денари или 1,7 отсто.  Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21 395 денари. 


Сојузот на синдикатите на Македонија бара мерките за намалување на цените и ограничување на маржите да траат подолго, а следната мерка да биде без претходна најава за трговците и стопанствениците, за да не прават злоупотреби со цените.


„Забележително е дека од септември кога беше воведена првата мерка од страна на Владата за ограничувањето на маржите и со последната мерка односно акција за намалување на цените за најмалку 10 отсто, тие даваат резултат, делот на храната и пијалоци во Синдикалната минимална кошница кој за декември изнесува 23 075 денари спореден со септември 2024 година (23 034 денари) е зголемен за 41,00 денари, со што се потврдува дека мерки се потребни почесто имајќи предвид дека од страна на трговците се злоупотребува секоја прилика за да се богатат на грбот на граѓаните и работниците“, се вели во соопштението. 


Од ССМ додаваат дека загрижува тоа што трговците повторно го искористиле периодот пред стапување на сила на последната акција и, како што се наведува, „евидентно ги зголемија цените, а дополнително и вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалоци за 63 основни производи кои се дел од истата за декември изнесува 23 075 денари е зголемен за дополнителни 397 денари, наместо да биде намален за најмалку 10 отсто“.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андреа Петкович

Петкович: когда Алькарас плох, он чертовски ужасен. У него нет плана Б






Вильфанд: жители европейской части РФ могут встретить Новый год с зонтами

Минтранс Казахстана: Трое из пяти членов экипажа упавшего под Актау самолета выжили

Сенатор Пушков: президент Франции Макрон рискует покинуть свой пост раньше срока

Глава МИД Эстонии: Таллин не намерен помогать Сирии при сохранении баз РФ