Управата за јавни приходи ги повика граѓаните кои издаваат станови, вили, викендички за претстојните празници да го пријават доходот и да платат данок. Лани во февруари, 254 лица побарале пресметка колку да платат за издадениот имот во јануари. Казните за неплаќачите се од 50 до 250 евра во денарска противвредност.