Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26
27
28
29
30
31

Сириските владетели го отфрлаат моделот на владеење на Талибанците

0
Авганистанските талибански владетели побрзаа да им честитаат на колегите исламисти од организацијата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ) за соборувањето на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.


Додека борците на ХТШ го зазедоа главниот град Дамаск на 8 декември, Талибанците рекоа дека се надеваат дека групата „ќе ги постави темелите на суверена исламска влада“.


Но, по повеќе од две недели подоцна, ХТШ, која САД и ЕУ ја означија како терористичка организација, се чини дека сака да се разликува од моделот на кој Талибанците управуваат со Авганистан.


Нејзиниот водач, Ахмад ал-Шара, претходно познат како борецот Абу Мухамед ал-Џолани, јавно вети дека ќе усвои умерени политики во споредба со екстремистичкиот пристап на Талибанците во однос на правата на жените, националното помирување и односите со меѓународната заедница.


„Има многу разлики меѓу Сирија и Талибанците“, изјави Шара за Би-Би-Си минатата недела.


„Начинот на кој владееме е различен“, катергоричен е новиот сириски владетел.


Жените


Шара рече дека неговата влада ќе им дозволи на жените да се образуваат. Новиот сириски лидер рече дека во северозападниот сириски град Идлиб, со кој владееше ХТШ во последните осум години, повеќе од 60 отсто од студентите на универзитетот се жени. Тој, исто така, истакна дека христијанките нема да бидат принудени да го почитуваат хиџабот.


Еден месец откако го зазедоа главниот град Кабул во август 2021 година, Талибанците им забранија на тинејџерките од седмо одделение и нагоре да се школуваат. Исто така, во декември 2022 година тие им забранија на жените универзитетско и професионално образование.


Во 1996 година, Талибанците го презедоа Авганистан и формираа влада која строго се придржуваше до исламскиот закон. Коалицијата предводена од Соединетите Држави ги собори во 2001 година, но тие се реорганизираа како бунтовнички сили и ја вратија власта во 2021 година, откако силите на САД и НАТО го напуштија Авганистан.




Талибанските лидери усвоија „маргинално толкување“ на исламскиот шеријатски закон со цел да ја „наметнат“ забраната, што наидува на меѓународна осуда, но и противење внатре во Авганистан.


ХТШ, сепак, не е за целосна слобода на жените и размислува за различни ограничувања.


„Во врска со тоа жените да вршат судски функции, ова е тема за истражувачи и анализа на експерти“, рече Обаида Арнаут, портпарол на привремената администрација предводена од ХТШ.


Арнаут има слични ставови за работа на жените во парламентот и владата.


Неговите коментари предизвикаа протести кај активистите за правата на жените кои ја предупредија исламистичката група да не наметнува религиозно владеење.


Единство и помирување


Главната политичка порака на ХТШ е единство и помирување меѓу различните етнички, верски и секташки групи во Сирија, од кои некои водат жестока граѓанска војна од 2011 година.


Исламистичката ХТШ назначи преодна влада од личности од редот на нејзините лидери. И во голема мера ја префрли својата администрација од северозападното упориште, во Идлиб за да служи како привремена влада на земјата до март.


Но, лидерот Шара вети национално помирување и инклузивни владини институции.


„Сирија е земја за сите и ние можеме да коегзистираме заедно“, им рече Шара на новинарите на 22 декември.


Водачот на ХТШ дури го покани и поранешниот лидер на Баатистите, Фарук ал-Шарау да учествува на идната конференција за национален дијалог во главниот град. Неколкупати ветуваше Устав прифатлив за сите.


Тоа е сосема спротивно од Талибанците, кои од 2021 година ја монополизираа моќта. Нивната теократска влада, предводена од талибанските свештеници, ги избегнуваше Авганистанците кои не се дел од Талибанците и избегна изработка на Устав.


И покрај назначувањето на преодна влада во септември 2021 година, нема индикации дека Талибанците некогаш ќе дозволат формирање на инклузивна национална влада прифатлива за сите Авганистанци.


Надворешни односи


Меѓународната заедница внимателно ја следи транзицијата на Сирија и како ХТШ одговара на желбите на своите граѓани.


Шара, наводно, ги импресионирал дипломатите и високите меѓународни претставници кои се сретнале со него во Дамаск за да разговараат за идното владеење, антитероризмот и надворешната политика.


Се чини дека иницијативата дава резултати. На 20 декември, Вашингтон ја укина наградата од 10 милиони долари за Шара.




И сирискиот лидер се залага за брз прекин на меѓународните санкции кон неговата земја.


„Мора брзо да се укинат санкциите за да ја однесеме нашата земја напред“, им рече тој на новинарите заедно со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на 22 декември.


Во Авганистан, повеќето талибански лидери остануваат на списокот со санкции на ОН и САД. Некои лидери се соочија со нови забрани за патување и санкции поради наметнување на забрана за образование на жените и други прекршувања на човековите права.


Додека ХТШ продолжува да ја зацврстува моќта во Сирија, западните функционери и дипломати се претпазливи во врска со веродостојноста на оваа милитантна група.


„Талибанците проектираа умереност, или барем се обидоа кога го презедоа Авганистан, а потоа се појавија нивните вистински лица“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Њујорк на 18 декември.


„Резултатот е дека остануваат ужасно изолирани во светот“, рече Блинкен.


Тој ја советуваше „новата група во Сирија“ да се фокусира на „придвижување на земјата напред“ за да избегне меѓународна изолација.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Юлия Путинцева

Путинцева откровенно высказалась о России






Еще 3 аварийных дома снесли в Красногорске

Врач Пахилин: потеря зрения возможна при любом хирургическом вмешательстве

Крушение танкеров в Керченском проливе: 40% топлива вытекло в море

Вице-премьер заявил о планах Казахстана вести расследование крушения самолета