Добавить новость
ru24.net
World News
Декабрь
2024

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за злоупотреби во „Државна лотарија“

0
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти, осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за злоупотреба на постапката за јавни набавки.


Според информациите од Управата, станува збор за неправилности поврзани со случајот „Државна лотарија“, со кои буџетот на државата бил оштетен за над 22 милиони денари.


Според информации до кои претходно дојде Радио Слободна Европа претходно, апсен е сопственикот на кумановската компанија „Ритрон копи“, Артан Ајрули во рамки на истрага поврзана со работата на поранешното раководство на Државната лотарија. Станува збор за добиени тендери за набавка на телевизори за државното акционерско друштво. На 17 декември, РСЕ објави дека пребројувањето на набавените уреди е направено по барање на Финансиската полиција, која ги истражува набавките на ТВ уреди во различни димензии од „Ритрон копи“.


Во соопштение на Управата за финансиска полиција од 26 декември, првопријавениот П.Б., како Генерален директор на Државната лотарија одобрил исплата на фактури со невистинита содржина, овозможувајќи противправна имотна корист од 3.102.015 денари.


Второпријавениот А.А., сопственик на РИТРОН КОПИ ДООЕЛ, заедно со П.Б., ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавна набавка, стекнувајќи противправна имотна корист од 12.980.000 денари. Третопријавениот С.Р. и четвртопријавениот М.З. потврдиле прием на опрема која не била евидентирана, оштетувајќи го буџетот на Државната лотарија за 6.772.283 денари.




Соопштението на Управата за финансиска полиција доаѓа откако претходно ги проверуваше испораките од кумановската компанија за бројот на доставени телевизори и дали се работи за истите брендови за кои биле склучени договорите.


Пред четири месеци, истражителите проверуваа и други тендери на Државна лотарија за маркетинг и промоција поврзани со оваа компанија. Станува збор за фирма на млад кумановец кој склучил договор за набавка на терминали за коцкање за потребите на Државна лотарија.


Минатата година, РСЕ пишуваше дека тендерот тежок околу 205.000 евра го доби компанијата „АП Солутионс“, чиј сопственик и управител Фљамур Невзатовски тој период бил вработен во „Ритрон копи“, компанијата која всушност била и единствената конкуренција на тендерот.


Јавно објавените податоци за компанијата „Ритрон копи“ на Фејсбук тогаш открија и фотографии од 2016 година на Артан Ајрули и Перпарим Бајрами, кој во тој момент нема никаква функција во Државната лотарија.


Анализата на тендерите, пак, покажа дека од јануари 2022 година, период кога Перпарим Бајрами ја презема раководната позиција како генерален директор во „Државна лотарија“, компанијата „Ритрон копи“ се појавува како победник на тендери во акционерското друштво.




Финансиска полиција во денешното соопштение наведува дека поднела кривична пријава против П.Б. во својство на Председател на Управен одбор-Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела, Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 в.в. став 1 и Соизвршителство по член 22 за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 2 в.в. став 1 од Кривичен законик. 


Пријавата против А.А. е во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 2 вв став 1 и Соизвршителство по член 22 за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 в.в. со став 1 од Кривичен законик, се вели во соопштението. 


Третопријавениот С. Р е во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија, Четвртопријавениот М.З , во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија, се вели во соопштението на Управата за финанскиска полиција. 


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Большой шлем

Открытие Игр в Париже, допинг Синнера и Свёнтек и заявление Федорищева: главные скандалы 2024 года в спорте






"ИИСУС ИЗ УСБ": "Z и Аз" в НЛП СВО: НЕ БИТВА БОГА И ЗЕМЛИ. НЕ ИГРЫ. ПОРЯДОК ПО СУЩЕСТВУ В ОБЩЕСТВЕ УЛУЧШИТЬ. Россия, США, Европа могут улучшить отношения и здоровье общества?! Путин, Трамп, новости.

Четыре человека пострадали в результате ДТП на западе Москвы

"Иисус из УСБ": "Z и Аз" в НЛП СВО: НЕ БИТВА БОГА И ЗЕМЛИ. НЕ ИГРЫ. ПОРЯДОК ПО СУЩЕСТВУ В ОБЩЕСТВЕ УЛУЧШИТЬ. Россия, США, Европа могут улучшить отношения и здоровье общества?! Путин, Трамп, новости.

Борис Елкин исполнил мечту Владислава в рамках акции «Ёлка желаний»