Добавить новость
ru24.net
World News
Январь
2025

Македонската репрезентација одигра нерешено против Унгарија на Светското ракометно првенство

0
Македонската ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено 27-27 против Унгарија на Светското ракоментно првенство.


Македонските репрезентативци на триесетина секунди пред крајот на натпреварот имаа гол предност, но не успеаја да победат. За играч на натпреварот беше прогласен Филип Кузмановски со 10 голови.


Натпреварот започна со предност за Унгарија, која водеше со 5-2 во седмата минута, но македонските репрезентативци направија серија од 5-0 и создадоа водство со 5-7 во 13-тата минута. Со головите на капитенот Кузмановски, македонските ракометари поведоа со 6-10.


Но, и покрај добрата игра, тие пропуштија неколку можности, меѓу кои два неуспешни удари од седум метри, а Унгарија успеа да израмни на 14-14 пред крајот на првото полувреме, откако беше поништен голот на Серафимов со звукот на сирената.


Голманот Никола Митревски бранеше одлично со 12 одбрани, мотивирајќи ги соиграчите во арената Вараждин, во Хрватска.


Резултатот на крајот од мечот резултатот е 27-27, со што остава простор за оптимизам за македонските ракометари во продолжението на првенството, кои се во Групата Д со Холандија и Гвинеја, кои претходно го одиграа првиот меч, а Холандија победи со резултат 40-23.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Анна Курникова

“Курникова в инвалидном кресле больше не нужна?”, – поклонники Иглесиаса нашли ему новую пассию






Этажерка для авто. В Москве растет спрос на двухъярусные парковки

Путин утвердил даты проведения Фестиваля «Спасская башня» в 2025 году

Около 1700 жителей трёх округов Москвы приступили к осмотру квартир по реновации

Бурлакову включили в обновленный ролик, посвященный победителям ЧЕ