Граѓани кои се организираа на социјалните мрежи протестираа на „Партизанска“, улицата каде во средата 22-годишната Фросина Кулакова беше прегазена од пијан возач без дозвола. Протестот заврши пред судот и обвинителството, барајќи одговорност за несреќата. Власта најави ригорозна казнена политика.