Добавить новость
ru24.net
World News
Июнь
2025

Од болницата во Белград пуштени двајцата последни повредени во пожарот во Кочани

0

Двајцата последни пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во дискотеката „Пулс“, се враќаат дома. Станува збор за 24-годишната Ангела Бошковска и за 23-годишниот Андреј Георгиев, кои во петокот 6 јуни, ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, јави дописникот на МИА од Белград. Третманот на нивните повреди ќе продолжи во земјава.

Седумнаесет пациенти беа примени во Белград на 16 и 17 март со повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Сите беа згрижени и лекувани во Ургентниот центар во Белград.

На лекување во странство и во домашните болници има уште 10 пациенти кои се здобија со повреди во шарот, од кои еден е во тешка состојба.

Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС изрази благодарност до српските и макњедонските власти.

„ Не беше лесно лекувањето на овие пациенти. Андреј и Ангела имаа многу тешки повреди. Сепак, беа и во друга држава ама се трудевме да се чувствуваат како да се во своја држава на лекување. Вкупно 17 пациенти беа лекувани во УКЦС во Белград. Петмина од нив беа интубирани - на механичка вентилација. Најважно е дека сите пациенти преживеаја. Сите беа донесени во тешка состојба со инхалациони повреди и благодарение на нашите тимови имаме добри вести“, изјави Стојичиќ.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашко Клековски, на панел дискусија којашто се одржа во Владата на 5 јуни рече дека постојано се следи состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани и дека има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници. Според Клековски, државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман.

Тој информираше дека е формирана работна група за мониторинг на напредокот на пациентите, составена од лекари од различни клиники кои учествувале во приемот на повредените и знаат во која состојба биле примени повредените и можат да направат најсоодветна проценка.

„Ова е процес кој нема да има крај и ќе се одвива циклично на неколку месеци и досега се оценети околу 160 повредени, а недостасуваат уште околу 15 повредени кои во моментот не биле достапни во Кочани, но се во комуникација и ќе бидат вклучени“, нагласи Клековски.

Пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март и во него животот го изгубија 62 лица, а речиси 200 беа повредени.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса