Добавить новость
ru24.net

World News in Macedonian

Новости от Russia24.pro

Russia24.pro Каталог
Март
2026
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31

Все новости

Косовската влада го одобри предлогот за испраќање безбедносни сили во Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Косово го одобри предлогот на Министерството за одбрана за испраќање припадници на Косовските безбедносни сили (КБС) во Газа, со што се отвора патот одлуката да биде доставена на разгледување и усвојување во Собранието на Косово. Според важечките закони, по одлуката на извршната власт, прашањето се проследува до пратениците на разгледување и гласање, а на крајот е потребно и одобрение од претседателот на државата. Премиерот на Косово, Албин Курти, на седницата на Владата изјави дека Косово... Читать дальше...

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Иранската револуционерна гарда

SlobodnaEvropa.mk 

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) ја потврди смртта на командантот Алиреза Тангсири во израелски воздушен напад минатата недела. Веб-страницата на ИРГК „Сепах њуз“ на 30 март, пет дена откако Израел соопшти за неговата смрт, објави дека адмиралот Алиреза Тангсири „подлегнал на сериозни повреди“ здобиени во нападот. Израел соопшти дека командантот бил убиен во напад во Бандар Абас, важен јужен пристанишен град на Ормускиот теснец. Во соопштението на ИРГК се наведува дека Тангсири бил... Читать дальше...

Вучиќ прогласи победа во сите десет општини на изборите проследени со напади и нерегуларности

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека неговата Српска напредна партија (СНС) победила во сите десет општини каде што се одржаа локални избори на 29 март. Според извештаите на независни набљудувачи и опозициски весници, денот на изборите бил обележан со инциденти. Гласањето се одржало со бројни пријавени неправилности на повеќето места, физички конфронтации и повредени граѓани, активисти и новинари. Судири, меѓу другото, биле регистрирани во Бор, на истокот од Србија, во Баја Башта на запад и во Кула во Војводина. Читать дальше...

Трамп ја сака иранската нафта, но тврди дека мировните преговори напредуваат „исклучително добро“

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ја „земе нафтата на Иран“ и евентуално да го заземе островот Харг, инсистирајќи дека Вашингтон постигнува „исклучително добар“ напредок во преговорите со Иран и дека е „прилично сигурен“ дека „наскоро“ ќе биде постигнат мировен договор. Спојувањето на заканите и можноста за мировен договор со Техеран се појави во интервју објавено доцна на 29 март во „Фајненшл тајмс“, а еден час подоцна и во изјавите за новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ (Air Force One). Читать дальше...

Тензичен изборен ден со нерегуларности и инциденти во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Изборниот ден во Србија помина со низа инциденти. На 29 март се гласаше во десет српски општини за избор на советници. Гласањето се одржа со бројни пријавени нерегуларности на повеќето места, физички судири и повредени граѓани, активисти и новинари. Судири беа регистрирани, меѓу другото, во Бор, во источна Србија, во Бајина Башта на запад и во Кула во Војводина. Новинарската Постојана работна група за безбедност на новинарите (SRG) објави дека за време на локалните избори во десет градови и општини... Читать дальше...

Хутите повторно го нападнаа Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Бунтовниците Хути испалија втора серија од ракети во рок од 24 часа против Израел, додека јеменската група, сојузничка на Иран, го продлабочи своето учество во војната на Блискиот Исток. Израелската војска потврди дека дојдовна ракета била испукана од Јемен, но рекла дека била пресретната пред да стигне до територијата во близина на јужниот град Еилат. Техеран соопшти дека на бродовите од „пријателските“ земји ќе им биде дозволено да поминат низ Ормутскиот теснец. Во меѓувреме, Израел ги интензивираше своите напади врз Иран... Читать дальше...

Локални избори во неколку српски општини за советници

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Србија се одржуваат локални избори во повеќе општини и градови, меѓу кои Бор, Аранѓеловац, Кула и Књажевац. Станува збор за редовни избори за советници во локалните самоуправи, кои се одржуваат по истекот на четиригодишниот мандат од претходниот изборен циклус во 2022 година. Изборите се случуваат во услови на засилена политичка тензија и криза во земјата, обележана со протести и незадоволство во дел од јавноста. Српскиот претседател Александар Вучиќ повика граѓаните да гласаат „по сопствена совест“... Читать дальше...

Париз го потсетува Скопје на „правилата на игра“

SlobodnaEvropa.mk 

Франција нуди експертска и институционална поддршка за реформите, но отворањето кластери во македонските преговори со ЕУ е условено од уставните измени. Ова е период кога ЕУ покажува зголемена подготвеност за проширување, вели францускиот амбасадор во Скопје Кристоф ле Риголер во интервју за РСЕ.

Ле Риголер: Гаранции за членство нема, но има јасен пат преку уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Преговарачката рамка од 2022 година останува непроменета и го дефинира патот кон ЕУ, уставните измени се првиот услов. Францускиот амбасадор во Скопје Кристоф Ле Рилоге порачува дека нема нови преговори за компромисот, и предупредува на пропуштени шанси во дијалогот меѓу Скопје и Софија.

Повредени американски војници при ирански напад врз база во Саудиска Арабија

SlobodnaEvropa.mk 

Американски медиуми јавуваат дека најмалку 12 американски војници биле повредени, од кои двајца сериозно, кога Иран го погодил воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија со најмалку една ракета и неколку дронови, додека јеменските бунтовници Хути ги лансирале своите први ракети кон Израел од почетокот на војната, со што се закануваат да го прошируваат конфликтот кој сега е во својата петта недела. Војниците се наоѓале во објект на базата кога таа била погодена, јавуваат „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит Џурнал“... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса