Лукашенко: Колку и да нѐ притискаат, ќе ги одржиме маневрите со Русија
„Премногу врева, не знам поради што, се крева околу тоа што наесен ќе се одржат масовни маневри на Белорусија и Русија. Но, колку и да вршат притисок врз нас, ние ќе ги одржиме тие маневри“, изјави Лукашенко, пренесува „Взгљад”.
Тој истакна дека ниту Москва, ниту Минск „никого не се обидуваат да исплашат“, како и дека војниците на маневрите ќе го вежбаат она „што го вежбаат нашите потенцијални непријатели“.
„Ние ја обучуваме војската и ќе ја обучуваме да ги штити териториите на нашите земји и нашите народи“, истакна белорускиот претседател.
Од јуни месец во Вооружените сили на Русија почна летната сезона на обуки. Планирани се повеќе од 2 илјади различни вежби. Главните вежби ќе бидат заедничките маневри со Белорусија „Запад 2017“ кои ќе се одржат од 14-20 септември.
Зошто Русија сака НАТО да присуствува на нејзините најголеми вежби
