Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2017

Путин им се заблагодари на Украинците кои ја поддржуваат Русија

0

„Зошто нѐ оставивте? Бидејќи во Украина не се сите поддржувачи на Бандера. Ние одиме на „Бесмртниот полк“ и оддаваме почит на дедовците. Зошто на сите телевизии нѐ мачкате со иста боја?“, го праша жител Киев рускиот лидер, пренесува „Взгљад“.

Путин: ЕУ и САД го поддржаа насилното преземање на власта во Украина

Путин му се заблагодари на човекот за повикот.

„Ви благодарам за вашата позиција што ја негувате историјата. Ние тоа го гледаме и многу високо го цениме. Јас не можат да се согласам дека сите ги мачкаат со црна боја, ние воопшто се трудиме никого да не мачкаме. ... Ние се плашиме да не ви нанесеме некаква штета и се трудиме да не се мешаме во политичките процеси во Украина“, појасни Путин.

Претседателот на Русија, исто така, се сети на лидерот на движењето „Украинскиот избор е право на народот“ Виктор Медведчук, нарекувајќи го жесток приврзаник на независноста на Украина, националист, кој притоа се залага за добри односи со Русија. „И тој не е сам во тоа“, изјави Путин.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса