Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2017

„Фокс Њуз“: Опасно зближување меѓу руски ловец и американски воен авион

0

Руски ловец прелетал во близина на американски извидувачки авион над Балтичкото море, соопштува телевизијата „Фокс Њуз“ повикувајќи се на извори. Се истакнува дека растојанието меѓу авионите изнесувало околу метар и половина.

Еден од изворите изјави дека станува збор за ловец Су-27 кој бил вооружен со ракети. Според него, американскиот авион бил од типот RC-135. Притоа, како што наведува „Фокс Њуз“, „засега е непознато колку блиску се наоѓал до Калининград“.

Објавено видео од пресретнувањето на американскиот бомбардер од Су-27

Однесувањето на рускиот авион е наречено „провокативно“.

Според информациите на телевизијата, „од 2 јуни на подрачјето на Балтичкото море се регистрирани повеќе од 35 таканаречени „интеракции“ меѓу американски и руски авиони и бродови“. Неколку инциденти се случија во текот на поморските маневри „Балтопс“ кои се одржуваат во Балтичкото море од 1 до 18 јуни.

Сепак, како што изјавува еден од американските извори, „овој инцидент е најзабележлив, затоа што војската на САД го смета за „небезбеден“.

Пентагон засега не дава коментари за ситуацијата, пишува РИА „Новости“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса