Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2017

НАТО загрижен поради растечката воена моќ на Русија

0

Според зборовите на Павел, оцената за заканата се заснова на два елемента – можностите и намерите. Притоа, кога се работи за можностите, тогаш „нема сомнеж“ дека Русија го развива својот потенцијал како во традиционалните, така и во нуклеарните компоненти на вооружувањето, изјави генералот, соопштува „Политико“.

Според Павел, кога станува збор за маневрите, тогаш нема сомнеж дека Русија има способност да распореди сили на големи растојанија и ефикасно да ги применува доволно далеку од нејзината територија.

Во што постигна паритет Русија со САД и со НАТО?

„Кога работата се однесува на намерите, такво поимање нема, затоа што не можеме јасно да кажеме дека Русија има агресивни намери против НАТО“, додаде Павел, пренесува „Лента.ру“.

Сепак, тој го истакнува зголемувањето на военото присуство на Русија и се повикува на соопштенијата за распоредувањето на интерконтиненталните балистички ракети, способни да носат нуклеарно оружје, во Калининградската област и на Крим.

Павел потенцира дека Алијансата прави сѐ што може „за да биде подготвена како од аспект на можностите, така и на готовноста, да ја пресретне секоја потенцијална закана“, потсетувајќи на „ситуацијата со Крим и источна Украина“. Според него, тоа не треба да се повтори со никого од натовските сојузници.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса